Иџе имаше подиум до претпоследниот круг, но се судри со Бриљадори

Игор Стефановски Иџе финишираше на 14-тото место на првата трка на Монца иако возеше одрлично до самиот финиш и беше во одлична позиција да се искачи на подиумот. 

Нашиот автомобилист беше на третото место на до претпоследниот круг, кога на шиканата по стартната целна рамнина се обиде да се пробие на втората позиција, но се судри со Бриљадори и излета од патеката. 

Иџе успеа да се врати и да ја заврши трката, но на 14-тото место. Џиакон победи на трката, Јелмини беше втор, додека на третото скалило на победничкиот подиум се искачи искусниот Тавано.