Идиотот од Мото 2 проговори за срамниот потег: Знам згрешив, ама ме удри адреналинот!

Најголемиот идиот во Мото 2, Романо Фенати, кој го шокираше светот со потегот при 220 километри на час да стисне на кочницата на својот ривал за време на гранприто во Сан Марино, конечно проговори за тешкиот инцидент по кој буквално ја заврши кариерата.

Фенати од Мото 2 доби суспензија од две трки, ама негоиот тим веќе му врачи отказ, а и тимот кој требаш да го ангажира за следната сезона го поништи преддоговорот, па сето тоа значи дека Италијанецот остана без иднина во мотоспортот.

„Никогаш повеќе нема да возам. Вистина е, згрешив, ама на никого не му е грижа за мојата болка. Не бев вистински човек, не можев да го контролирам гневот и бесот, затоа што тој можеше да ме убие. Се обиде да ме истурка од патеката, што не се виде на телевизија. Ме удри адреналинот и направив грешка, ама тој ме провоцираше“, рече Фенати.