Хулкенберг по превртувањето на болидот: Вадете ме од тука, гори! (ВИДЕО)

Големата награда на Абу Даби ќе се памети по простувањето на Фернандо Алонсо од Формула 1, но и по страшното превртување на Нико Хулкенберг по судирот со Ромен Грожан.

Хулкенберг, возачот на Рено, се обиде да го престигне Грожан при еден свиок, но не му успеа и се преврте неговиот болид двапати, па удри во заштитната ограда.

„Вадете ме од тука, има оган“, порача исплашениот Хулкенберг до својот бокс, но набрзо беше спречен пожар и возачот помина без повреди.