Хрватски возач излета од патека и го распарчи автомобилот (ВИДЕО)

Неверојатна среќа имаше возачот на рели, Роберт Антуновиќ, кој при голема брзина излета од патеката на трка во Хрватска.

„Дубровник рејсинг“ организираше меѓународно првенство на ридски трки под името „Меморијал Жељко Ѓуратовиќ“, а на трката се собраа голем број навивачи, додека дел од нив беа сведоци на инцидентот на хрватскиот возач.

Антуновиќ со брзина од 150 км/ч изгуби контрола врз возилото и излета од падот, по што автомобилот неколку пати се преврте, а гледачите останаа на момент без здив и не можеа да веруваат што се случило.

Сепак, Антуновиќ поминал со полесни повреди по инцидентот на трката.