Хас Ф1 ги објави возачите за следната година

Формула 1 тимот Хаас објави дека Роман Грожан и Кевин Магнусен ќе останат партнери и во следната сезона. 

За дуото тоа ќе биде четврта сезона во болидот на американскиот тим. Грожан е со Хас уште од нивната прва сезона во Формула 1 од пред пет години, додека за Магнусен тоа ќе биде четврта сезона. 

Двоецот Грожан Магнусен досега искомбинираа 166 поени за Хаас откако почнаа да возат заедно во сезоната 2017 година. Минатата сезона Хас финишираше на петтото место кај конструкторите со освоени 93 поени.