Хаос во Ф1: Мекларен се повлече од трката во Мелбург поради коронавирусот

Формула 1 тимот Мекларен се повлече од првата сезонска трка во Австралија, откако еден член на нивниот тим е позитивен на коронавирусот. 

Британскиот тим веднаш ги известил челниците на Формула 1 со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Членот на тимот што бил тестиран, веднаш бил изолиран од останатите штом развил симптоми. Откако резултатите биле позитивни, Мекларен решил целосно да ја напушти трката во Мелбурн со цел да не се зарази и друго лице.