Хамилтон успеа да триумфира и во Бразил! (ФОТО)

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, запиша нова победа во Формула 1 шампионатот на Големата награда за Бразил.

Хамилтон веќе ја освои новата титула во „најбрзиот циркус“, но тоа не го демотивираше да вози фантастично и во Бразил.

На крајот стигна до највисокот скалило на подиумот и тоа пред Макс Ферстапен од Ред Бул и Кими Раиконен од Ферари.

Инаку, на Британецот ова му беше десетта победа во сезоната, а до крајот остана трката само уште во Абу Даби, каде што тој ќе ја „брка“ 11. победа.

Веднаш зад споменатите тројца возачи завршија Даниел Рикардо на четврто место, Валтери Ботас на петта позиција и Себастијан Фетел на шеста позиција.