Хамилтон стигна до пол-позиција пред трката во Сингапур

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Сингапур.

Во највозбудливите квалификации кои повторно донесоа голема борба, Хамилтон беше најбрз во квалификациите со време 1:36.015, иако направи грешка во последното излегување на патеката.

Кими Раиконен од Ферари имаше шанса да го симне од првото место, но на крајот помина низ целта со петто време.

Зад Хамилтон ќе стартува Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул, додека трет ќе биде Себастијан Фетел од Ферари.

Четврти почнува Валтери Ботас од Мерцедес, а како што споменавме претходно, Раиконен ќе тргне петти.