Хамилтон стигна до пол-позиција број 96!

Луис Хамилтон беше најбрз на денешните квалификации за утрешната трка за Големата награда на Русија во Формула 1 шампионатот. 

Пилотот на Мерцедес на патеката во Сочи имаше најбрз круг со време од 1:31,304 минути за да стигне до својата 96-та пол-позиција во кариерата. Зад актуелниот светски шампион утре од првиот ред ќе тргне Макс Ферстапен од Ред Бул, додека Валтери Ботас имаше трето најдобро време. 

Серхио Перез беше четврти во квалификациите, а најдобрите десет ги комплетираат Даниел Рикардо, Карлос Сајнц, Естебан Окон Ландо Норис, Пјер Гасли и Александер Албон.

Болидите на Ферари повторно беа очајнии воопшто не стигнаа да се натпреваруваат во третио квалификациски циклус. Шарл Леклер ќе стартува како 11-ти, додека Себастијан Фетел од 15-тата позиција.