Хамилтон славеше во Монако за Ники Лауда

Луис Хамилтон триумфираше на денешната трка низ улиците на Монте Карло што се возеше за Големата награда на Монако во Формула 1 шампионатот. 

За возачот на Мерцедес ова беше четврта сезонска победа и вкупно 77 во кариерата. Хамилтон имаше исклучително тешка трка на средни гуми, но успеа да ги запре нападите на Макс Ферстапен од позади. Холанѓанецот од Ред Бул ја заврши трката како втор, но сепак не го освои второто место поради казната од пет секунди и на крајот заврши како четврти.

Победата Хамилтон му ја посвети на починатиот легендарен возач Ники Хамилтон. 

На подиумот се искачија Себастијан Фетел од Ферари и Валтери Ботас од Мерцедес. Бодови освоија и Пјер Гасли, Карлос Сајнц Јуниор, Данил Квајт, Александер Албон, Даниел Рикардо и Роман Грожан.

Хамилтон на врвот во генералниот пласман има 137 бодови, Ботас е втор со 120, додека Себастијан Фетел на третото има 82 бода. 

Следната трка се вози за ГН на Канада на 9 јуни.