Хамилтон призна: Мерцедес многу заостанува зад Ферари!

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон во пресрет на утрешните неофицијални тренинзи и воведното гран-при во Австралија на „Мелбурн парк“, призна дека Мерцедес сериозно заостанува зад главниот ривал Ферари.

„Црвениот барон“ беше убедлив на тестирањата во предсезоната, па на почетокот се очекува дека италијанскиот тим ќе биде во предност пред шампионот во двете конкуренции и сето тоа го потврди Хамилтон.

„Не очекува многу работа. Зимските тестови не минаа најдобро, потоа се подобривме, но заостануваме зад Ферари. Сепак, јас се надевам дека сме добро подготвени, дека добро се подготвени нашите болиди. Ќе се обидеме да имаме добар и мирен викенд. Можеби ќе бидат сите (болидите – н.з.) блиску, а можеби и разликата ќе биде поголема“, рече Хамилтон.