Хамилтон победи во Мексико, но ќе почека на шампионската титула

Луис Хамилтон стигна до 10-тата победа оваа сезона откако беше најбрз на трката за Големата награда на Мексико во Формула 1 шампионатот. 

Возачот на Мерцедес претходните две сезони ја обезбедуваше титулата токму во Мексико, но овој пат ќе мора да почека на една од следните трки. Себастијан Фетел од Ферари заврши како втор, додека возачот на Мерцедес, Валтери Ботас го освои третото место. Шарл Леклер од Ферари беше четврти.

Во бодови финишираа и Александер Албон (Ред Бул), Макс Ферстапен (Ред Бул), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Даниел Рикардо (Рено), Данил Квајт (Торо Росо), Пјер Гасли (Торо Росо).

За Хамилтон ова беш вкупно 83-та победа во кариерата и полека се доближува до рекордот на Михаел Шумахер од 91 победа во Формула 1. За својата шеста шампионска титула Британецот ќе почека до идниот викенд, а во генералниот пласман води со 363 бодови, Ботас на втората позиција има 292, Леклер има 238 на третата позиција. 

Следната трка се вози за Големата награда на САД на 3.ноември.