Хамилтон победи на француското гран-при и е нов лидер во генералниот пласман

Актуелниот светски првак Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес е победник на француското гран-при, победувајќи попладнево доминантно на патеката „Пол Рикар“ и со триумфот го презема лидерското место во генералниот пласман.

Хамилтон, кој стартуваше од пол-позицијата на денешната трка победи пред Макс Верстапен од Ред Бул и Кими Раиконен од Ферари, па со тирумфот сега му избега на својот главен кнкурент Себастијан Фетел од Ферари, кој доби казна од пет секунди и заврши како петопласиран поради судирот уште на стартот со Валери Ботас од Мерцедес.

Даниел Рикиардо, вториот возач од Ред Бил го освои четвртото место на денешната трка, Фетел беше петти, а Кевин Магнусен и Ботас завршија зад Германецот на шестото и седмото место на трката.

Хамилтон сега има 14 поени предност во генералниот пласман, а веќе следната недела повторно има гран-при, кое ќе се вози во Австрија.