Хамилтон: Не знам дали може да се натпреваруваме против Ферари

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон не е голем оптимист по квалификациите за Големата награда на Кина.

Актуелниот шампион во Шангај ќе тргне од четвртата позиција, зад тимскиот колега Валтери Ботас и возачите на Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

„Не знам дали може да се натпреваруваме, половина секунда сме зад Ферари. Нашиот болид е во ред, но тие се побрзи за нијанса. Во недела ќе биде поинаку. Ќе биде многу топло, па ќе видиме како ќе влијае тоа на нас. Во секој случај ќе се потрудиме да победиме“, кажа Хамилтон.

Трката за Големата награда на Кина се вози од 08.10 часот.