Хамилтон најбрз во Барселона за втора победа едно по друго

Луис Хамилтон славеше на трката за Големата награда на Шпанија, што денеска се возеше на патеката „Каталуња“ во Барселона. 

Возачот на Мерцедес доминираше во текот на целата трка и заслужено дојде до триумфот пред тимскиот колега Валтери Ботас и Макс Ферстапен од Ред Бул.

Со оглед на фактот дека неговиот најголем ривал Себастијан Фетел заврши на четвртата позиција, сега актуелниот светски првак има предност од 17 бодови во однос на возачот на Ферари во генералниот пласман. 

Бодови освоија и Даниел Рикиардо од Ред Бул, Кевин Магнусен, Карлос Сајнц, Фернандо Алонсо, Серхио Перез и Шарл Лекер од Заубер.

Трката ја одбележа и инцидентот во првиот круг, кога Роман Грожан излета и со себе „покоси“ уште двајца возачи Пјер Гасли и Нико Хулкенберг. Кими Раиконен од Ферари не ја заврши трката поради механички проблем со болидот. 

Во генералниот пласман, Хамилтон сега има 95 бода по пет извозени трки, Фетел е втор со 78, а потоа следуваат двајцата Финци, Ботас и Раиконен со по 58, односно 48 бодови.

Кај конструкторите, Мерцедес е прв со 153 бодови, пред Ферари со 126, Ред Бул е трет со 80 бодови. 

Следната трка се вози за Големата награда на Монако, низ улиците на Монте Карло.