Хамилтон на праг да урне голем рекорд на легендарниот Шумахер

Луис Хамилтон на трката во Силверстоун успеа да израмни уште еден рекорд на Шумахер. Британецот со освоеното второ место на вчерашната трка стигна до 155. подиум во кариерата и така го стигна легендарниот Германец.

Хамилтон уште на следната трка има шанса да го урне рекордот на Шумахер и така да стане најуспешен возач во историјта на Ф1 по број на трки кои ги завршил на подиумот.