Хамилтон ќе добие тригодишен договор и 120 милиони фунти од Мерцедес

Луис Хамилтон, еден од најдобрите возачи во Формула 1, ќе потпише тригодишен договор со неговиот актуелен тим Мерцедес, а притоа ќе заработи 120 милиони фунти за тој период.

Иако се шпекулираше дека Хамилтон ќе замине од Мерцедес, затоа што преговорите меѓу двете страни беа „замрзнати“, сепак такво нешто нема да се случи.

Преговорите меѓу Хамилтон и Мерцедес беа одложени поради пандемијата на ковид-19, но откако почна да се стабилизира ситуацијата, двете страни се договорија за нова соработка, за која се очекува само официјална потврда.