Хамилтон ја продолжи доминацијата, Фетел далеку зад Британецот

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, е победник на трката за Големата награда на Сингапур.

Британецот заслужено дојде до триумф и нови 25 бода. Актуелниот шампион сега има 40 бода предност во однос на Себастијан Фетел. Возачот на Ферари заврши на третото место, иако имаше доста добар старт. Фетел не можеше да оствари подобар резултат поради стратегијата на тимот, која се испостави како многу лоша.

Неразбирлива беше стратегијата на Ферари, односно раното влегување во бокс на Фетел, кое беше иницирано од тоа што почнаа да губат по скоро половина секунда по круг во однос на Хамилтон, па се решија за гуми кои на крајот не му донесоа ништо добро, туку го заковаа на третата позиција. Пред Фетел заврши Макс Ферстапен, а четврти и петти беа Валтери Ботас, односно Кими Раиконен.

Британецот кој мина прв низ целта, со време 1:511.11 минути, сега има четириесет бодови повеќе во однос на најголемиот конкурент за титулата, барем во овој момент, Себастијан Фетел, додека трет е неговиот клупски колега, Кими Раиконен. Ова е негова четвртта победа на „Марина Беј“ патеката во неговата кариера.