Хамилтон ја откри тајната на успехот на Мерцедес

Луис Хамилтон и Мерцедес се на вистински пат да ја одбранат титулата во двете конкуренции во Формула 1.

Британецот славеше на осум трки сезонава, а тајната на успехот ја гледа во тоа што во Мерцедес никогаш не се задоволни со резултатите.

„Тоа што е одлично во тимот е тоа што никогаш нема да бидеме задоволни. Дури и ако понекогаш целосно доминираме, сепак секогаш доаѓаме со ист менталитет. Имавме многу успех, но сите работат со сета сила за да бидеме најдобри“, порача Хамилтон.