Хамилтон ја освои пол-позицијата на драматичните квалификации во Унгарија

Луис Хамилтон ја освои својата 77 најдобра стартна позиција на драматичните квалификации за Големата награда на Унгарија. Валтери Ботас ќе го комплетира првиот стартен ред за Мерцедес со две десетинки послабо време од Хамилтон, а вториот стартен ред го резервираа два болиди на Ферари, Раиконен пред Фетел.

Иако првиот квалификациски сектор беше суво на патеката, сепак во вториот и трет како да се отвори небото над Унгарија и од сето тоа повторно профитираа Мерцедес.

Во последните десет минути беше крајно драматично, бидејќи Ботас имаше најдобро време, па Кими Раиконен извоза најбрз круг на влажната патека и ги изненади навивачите на Ферари, за во последните секунди од квалификациите, Фетел да дојде на само 0.024 од пол-позицијата, па Ботас да потврди пол-позиција, и само 10 секунди подоцна, Луис Хамилтон да стави печат на лудите квалификации со најбрзо време.

Трката за ГН на Унгарија се вози утре од 15:00 часот, а предвидени се врнежи од дожд, како и деновиве крај Будумпешта.