Ф1 уште сега не е интересна: Хамилтон и Ботас ја продолжија доминацијата на Мерцедес

Луис Хамилтон од Мерцедес трумфираше на денешната трка во Барселона за Големата награда на Шпанија во Формула 1 шампионатот. 

Британецот со својата 76-та победа во кариерата ја продолжи доминацијата на германскиот тим, а веднаш зад него финишираше тимскиот колега Валтери Ботас. На сите досегашни пет трки сезонава двата возачи на Мерцедес се пласираа на првото и второто место. Денеска подиумот го комплетираше Макс Ферстапен од Ред Бул. 

Двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер финишираа на четвртото и петтото место, додека во најдобрите 10 финишираа и Пјер Гасли, Кевин Магнусен, Карлос Сајнц, Данил Квајт и Себастијан Грожан.

Луис Хамилтон води во генералниот пласман со 112 бодови, Ботас е втор со 105, Ферстепен следува со 66 бодови, а зад него се двајцата возачи на Ферари, Фетел и Леклер со 64, односно 55 бодови.

Следната трка за две недели е за Големата награда на Монако.