Хамилтон го провозе сер Френк Вилијамс на „Силверстоун“ (ВИДЕО)

Светскиот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон имаше шанса за кратка дружба со шефот и сопственикот на Вилијамс Ф1, сер Френк Вилијамс. 

Британецот со својот „Мерцедес“ го провозе легендарниот Вилијамс на патеката „Силверстоун“. Шефот на Вилијамс очигледно уживаше во возењето, а му призна на Хамилтон дека долго не бил на патеката.

Френк Вилијамс 50 години е во Формула 1. Со неговиот тим има освоено девет титули во конкуренција на конструктори, седум шампионски титули на возачите и 114 победи. Ветеранот е во инвалидска колична веќе 33 години, откако доживеал сообраќајна несреќа во Франција во 1986 година.