Хамилтон ги достигна Шумахер и Сена

Актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон од Мерцедес денеска ја запиша првата сезона пол-позиција, откако беше најбрз на „Мелбурн парк“, на официјалните квалификации за Големата награда на Австралија.

Хамилтон на првиот гранпри викенд во новата сезона во Ф1 беше побрз од Валери Ботас за 0,112 секунди, а од вториот ред ќе тргнат Себастијан Фетел од Ферари и Макс Фетстапен од Ред Бул. Но, тоа што е најважно е дека Британецот Хамилтон сега успеа да се израмни со легендарните Михаел Шумахер и Аиртон Сена.

За Хамилтон ова беше 84-та пол-позиција во кариерата, а осма во Австралија. Само Шумахер и Сена досега во историјата имаа осум пол-позиции на една патека, па сега во големото друштво им се придружува и Хамилтон