Хамилтон: Ферстапен е интересен лик, но јас не се споредувам со никого
Хорнер го нарече Холанѓанецот најдобар возач во светот во моментов, со оглед на неговите резултати во изминатите десет месеци и недостатокот на грешки.
Во меѓувреме, сепак, Хамилтон ја освои својата петта шампионска титула и е убедлив лидер во 2019 година.
Немам што да кажам за овие зборови. Луѓето имаат потреба од внимание од време на време. Макс врши одлична работа, интересно е да го гледаш. Ќе биде интересно како работите ќе продолжат понатаму. Јас лично не се споредувам со никого. Немам потреба од тоа, рече Луис Хамилтон.