Хамилтон едвај излезе од болидот - ќе ја пропушти трката во Канада!? (ВИДЕО)

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон заврши на четвртата позиција на трката за Големата награда на Азербејџан, која се возеше во Баку, но Британецот едвај излезе од неговиот болид поради болки во грбот.

Хамилтон неколку пати се пожали на болки во грбот за време на трката, па сега е неизвесен неговиот настап на трката за големата награда на Канада, која се вози следната недела.

„Имав големи болки за време на трката, но адреналинот ми помогна“, кажа Хамилтон по трката во Баку.

Првиот човек на Мерцедес, Тото Волф кажа дека ситуацијата е сериозна и најверојатно Хамилтон ќе мора да ја пропушти трката во Канада.