Хамилтон добива огромно богатство за нов договор на две години!?

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон добил понуда од Мерцедес да потпише нов договор, зашто сегашниот му завршува на крајот на годината.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Хамилтон добил понуда да ја продолжи соработката до 2022 година и заедно со сите бонуси би заработувал околу 50 милиони долари годишно.

Да потсетиме, интерес за Хамилтон покажа и Ферари, но во моментов Британецот е поблиску до потпишување на нов договор со сегашниот тим.