Французинот Зарко ја прекина серијата на Квартараро и ќе тргне прв во Германија

Возачот на Прамак Дукати, Жоан Зарко ќе ја почне трката за Големата награда на Франција од пол-позицијата, откако во квалификациите имаше време од 1:20.236.

Французинот Зарко ја прекина серијата на возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, кој на претходните пет трки ја освојуваше пол-позицијата.

Лидерот во шампионатот, Квартараро ќе тргне од втората позиција, додека третото место на стартот на трката во Германија ќе го има Алеш Еспаргаро.