Формула 1 останува без трка во Мексико!?

Трката во Формула 1 (Ф1) во Мексико не е познато дали ќе биде одржана, откако на власт пристигна Андрес Мануел Лопез Обрадорд. Според аргентинските медиуми, новиот шеф на државата подготвува големи планови во областа на економијата и политиката.

Трката за Големата награда на Мексико се врати во 2015 година во календарот на Ф1, по 23 години пауза, а има договор до 2019 година.

Националната спортска комисија на Мексико објасни дека трката е вратена поради корупцијата.

„Корупцијата во земјата направи можност за враќање на трката во Мексико. Многу луѓе земаа мито, за да се одобри трка на патеката ‘Ерманос Родригос’“, велат од спортската комисија.

Тие соопштија дека бараат излез од ситуацијата, но немале намера да трошат премногу пари за да го поддржат одржувањето на трката.