Формула 1 ќе се вози и низ Лондон?

Техничкиот директор на Формула 1, Рос Браун најави можност „октанскиот циркус“ да се вози низ англиската престолнина Лондон, како нова улична трка, која во иднина би можела да влезе во календарот на најспектакуларното автомобилистичко натпреварување.

Засега нејасно е дали Англија би останала со две трки, ако Лондон влезе во календарот, зашто Британија веќе има свое гранпри на легендарниот Силверстоун, ама многу поголема е веројатноста на Островот да се возат две трки, а не само една.

Сепак, Ф1 во Лондон нема да се вози низ центарот на градот, туку во некое од предградијата.

„Жителите на Лондон не би требало да се грижат дека центарот на градот ќе им биде затворен цела недела. Постои опција да се вози трката во некое од предградијата на Лондон. Сакаме да видиме дека Лондон се придружува на Силверстоун, а не да го замени. Според нас има доволно опции за двете трки да бидат во календарот“, рече Браун.

Сопствениците на Силверстоун најавија дека ќе заполчнат преговори за нов договор со Ф1, откако актуелниот истекува во идната година.