ФИА го објави календарот на Ф1 за 2019 година (ФОТО)

Формула 1 и во 2019 година ќе ги има истите трки и по истиот редослет. Советот на ФИА денеска на средба во Париз го одобри распоредот, кој беше објавен пред шест недели.

Сезоната повторно ќе почне во Австралија, само една недела порано, а ќе заврши во Абу Даби, во декември.

Имаше шпекулации дека Мајами ќе се приклучи во Ф1-календарот со спектакуларна градска трка, но тој предлог, засега, е ставен во мирување. Трката за големата награда на САД, всушност, е последната која уште чека одобрување.

За разлика од оваа година, таа во 2019 треба да биде по граннприто на Мексико, а втора промена е тоа што по Русија доаѓа Сингапур, наместо Јапонија.