ФИА го казни Ферстапен поради инцидентот со Окон (ФОТО+ВИДЕО)

На денешната трка за Големата награда на Бразил, Луис Хамилтон беше најбрз, но тоа остана во сенка на инцидентот помеѓу Макс Ферстапен и Естебан Окон.

Возачот на Ред Бул го нападна Окон и неколку пати го турна по што мораше да реагира и ФИА и реши да го казни Ферстапен за неговиот потег.

Тие објаснија дека ја разбираат реакцијата на Ферстапен, па поради тоа тој ќе мора да работи два дена во два дена општокорисна работа, со дискреција од ФИА во следните шест месеци од инцидентот.

Од друга страна, Окон не доби никаква казна освен тоа што беше казнет со десет секунди додека траеше трката.