Фетел со новото Ферари се заби во ѕид (ВИДЕО)

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел денеска го тестираше својот нов болид, на стазата во Барселона. Германскиот возач возеше одлично на првите 40 кругови, се додека при една кривина не се заби во ѕидот.

Фетел го имаше второто најдобро време на ова тест возење, пред да се случи инцидентот. Не е повреден, но сè уште нема информација во каква состојба е неговиот болид.