Фетел се „напушил“ за време на квалификациите: Почувствував марихуана - лудо е!

Пилотот на Ферари, Себастијан Фетел, ќе стартува од втората позиција на трката за Големата награда на САД, откако за 12 илјадитинки беше побавен од Валтери Ботас.

По квалификациите Фетел изјави дека се „напушил“ од марихуана додека се движел на  патека во Остин.

Дали е дозволена марихуана во Тексас?, го праша Фетел новинарот по што доби одговор.

Почувствував мирис во некои кривини и за време на боксот, лудо е. Секогаш е забавно да се вози тука, истакна германскиот возач.

Инаку, Фетел е навивач на Ајнтрахт од Франкфурт кој вчера го совлада Баерн со убедливи 5-1. Четирикратниот светски шампион ја даде својата поддршка на Нико Ковач.

Се надевам дека тој брзо ќе се врати на успесите. Ковач беше подолго време во Ајнтрахт, така што се сочувствувам со него, додаде Фетел.

Трката во Остин ќе стартува во 20:10 часот по средноевропско време.