Фетел: Не знам што направил Хамилтон, но не поставувајте срамни прашања

На прес-конференцијата по трката за Големата награда на Бахреин, Себастијан Фетел во еден момент застана во одбрана на Луис Хамилтон.

Еден од новинарите ги интересираше дали се излажал кога слушнал лош коментар на сметка на Макс Ферстапен од страна на Луис Хамилтон по самата трка, а пред да успее било што да каже возачот на Мерцедес, Фетел праша дали може да одговори на поставеното прашање.

„Не знам што направил Хамилтон, но сите сме биле во таа ситуација да се бориме со некого во текот на трка, да се удриме, има многу адреналин во тие моменти и не е фер да поставувате вакви прашања. Кога фудбалерите би краделе микрофон во тек на мечот, дали би помислиле дека ќе слушнете добар коментар?“, кажа возачот на Ферари.

Тука не беше крајот на коментарот на Фетел, кој замоли разговорот да биде прекинат.

„Не е добро да поставувате срамни прашања и од ништо да направите вест. Ние се тркаме, тоа носи многу напнатост и адреналин. Да ве удрам јас во лице, не би ми рекле само – Себастијан, па тоа не е убаво. Тоа е човечка реакција. Не ме разбирајте лично, но мислам дека треба да го прекинеме разговорот“, објасни Фетел.