Фетел ги изненади навивачите: Германецот заминува од Формула 1!?

Германскиот возач Себастијан Фетел порача дека би можел да ја напушти Формула 1, откако ќе му заврши договорот со Ферари во 2020 година.

Фетел во текот на кариерата освои четири титули, но порача дека спортот многу се променил во последните години.

„Сигурен сум дека ќе возам оваа и наредната година, но не знам што ќе се случи со правилата. Не знам што ќе биде со мене. Сигурно нема да седам и да размислувам дека ќе возам само за да бидам дел од Формула 1. Многу работи се променија во Ф1. Сега повеќе е шоу, отколку спорт. Тоа важи и за останатите спортови. Имам впечаток дека трошиме премногу време, енергија и пари на правила, кои не служат за ништо“, објаснува Германецот.

Фетел во првите две трки сезонава не успеа да запише добри резултати, какви што се очекуваа, па во моментов се наоѓа на петтата позиција со 22 освоени бодови.