Ферстапен во трилер-трка го победи Хамилтон за да го освои француското гранпри

Макс Ферстапен победи денеска на француското гранпри во Формула 1 во фантастичниот финиш откако во последниот круг успеа да го претекне актуелниот светски првак Луис Хамилтон и да стигне до нов тирумф во оваа сезона во „октанскиот циркус“.

Во неверојатно возбудливата завршница, Хамилтон имаше скоро три секунди предност пред Ферстапен, но возачот на Ред Бул за два круга го преполови тој заостаток, а потоа на круг до крајот на првиот свиок успеа да го помине светскиот првак и потоа да извози како лидер за да стигне до победата, откако вчера беше најбрз и тргна од пол-позицијата на трката.

Трет на подиумот стигна Серхио Перез, додека четврти беше Валтери Ботас, а петти Ландо Норис.

Иако почна од пол-позицијата, Хамилтон експресно го помина после грешка на возачот на Ред Бул, па во интересната трка неколкупати се променуваше лидерот во текот на трката, кога болидите влегуваа во пит-стопот, за на крај Холанѓанецот да успее да го искористи моментот и во последниот круг да го претекне Британецот.

„Каква трка човече. Неверојатно“, викаше Ферстапен откако ја мина стартно-целната рамнина.

Тој сега е лидер во генерлниот пласман со 131 поен, пред Хамилтон кој има 119, додека Перез е трет со 84.