Ферстапен продолжува со Ред Бул до 2020 година

Макс Ферстапен потпиша едногодишно продолжување на договорот со тимот на Ред Бул до 2020 година.

Неговиот актуелен договор истекуваше на крајот од 2019 година, па челниците на австрискиот тим решија да му понудат нов договор по одличните резултати сезонава.

„Ред Бул секогаш покажуваше верба во мене со тоа што ме покани да бидам дел од младинската програма уште на 16 години, потоа ми овозможи да го имам првиот старт во Формула 1 на само 17 години, а потоа и можноста да се тркам во болидот на Ред Бул, каде што имав старт од соништата“, изјави Ферстапен.

Холанѓанецот дебитираше во Ф1 во болидот на Торо Росо во 2015 година, а потоа беше префрлен во Ред Бул пред шпанското гран-при во 2016 менувајќи го Данил Квајт. Тој победи на трката во Барселона и стана најмладиот победник во историјата на Формула 1 шампионатот.

Оваа сезона Ферстапен се наоѓа на шестото место во генералниот пласман со 111 освоени бодови, а оствари и еден триумф во Малезија.