Ферстапен: Моја е грешката, но не беше намерно

Макс Ферстапен направи голема грешка и предизвика инцидент во кој најлошо помина возачот на Ферари, Себастијан Фетел.

Во еден момент од трката дојде до контакт помеѓу болидите на Ферстапен и Фетел, а тоа на крајот му донесе казна од 10 секунди на Холанѓанецот, па на крајот наместо на четврто место, тој заврши на петата позиција.

„Го видов дека има проблеми со гумите и се обидува подоцна да сопре во свиоците. Ги блокирав задните гуми и го удрив. Секако, не беше намерно, но тоа беше моја грешка“, кажа Ферстапен по трката.

Младиот возач во последно време добива постојано критики за агресивност во трките, а возачот на Ферари не беше среќен по целиот инцидент.