Ферстапен ја продолжи „војната на зборови“: Хамилтон никогаш не бил под притисок!

„Војната на зборови“ помеѓу Британецот Луис Хамилтон и Холанѓанецот Макс Ферстапен продолжува, откако возачот на Ред бул изјави дека актуелниот шампион никогаш не „бил под притисок“ на своите тимски колеги.

Двајцата беа вклучени во класична битка на трката за Големата награда на Унгарија минатата недела, борејќи се во текот на сите 70 кругови, пред Хамилтон конечно да го претекне на четири круга пред крајот. Во тој момент двајцата беа цела минута пред остатокот од возачите. Но, Ферстапен не е импресиониран.

Се зависи од болидот. Мислам дека во својата кариера тој не чувствуваше никаков притисок од своите тимски колеги и затоа е толку опуштен на патеката, вели 21- годишниот Ферстапен во интервју за магазинот „Моторспорт“.