Ферстапен ја освои Австрија, Фетел нов лидер 

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, победи на трката за Големата награда на Австрија, а нов лидер во Формула 1 е Себастијан Фетел.

Ферстапен до победата стигна од четвртата стартна позиција исктористувајќи ја очајната тактика на Мерцедес, бидејќи Луис Хамилтон не влезе во боксот да ги смени гумите додека на патеката беше „сејфти возилотот“,

Холанѓанецот ја презеде челната позиција и суверено стигна до четвртата победа во кариерата. На крајот Мерцедес доживеа дебакл бидејќи во текот на трката се откажаа и Валтери Ботас и во самиот финиш Хамилтон.

Во меѓувреме, на подиумот се најдоа двата болиди на Ферари, Кими Раиконен како втор, а Фетел како трет,  што на Германците им донеле прво место во генералниот поредок за бод против Хамилтон.

Ферстапен му ја донесе на Ред Бул првата победа на домашен терен на „Ред Бул ринг“ во Шпилберг, првиот триумф на овој тим во историјата дома во Австрија.

Следната трка се вози за Големата награда на Британија.