Ферстапен и Окон физички се пресметаа по трката во Бразил (ВИДЕО)

Денеска на трката за Голема награда на Бразил триумфираше возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, а додека се прогласуваше победникот, се случи еден неверојатен инцидент во гаражата.

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, тргна да се пресмета со Естебан Окон по трката во Бразил, а имаа и физички контакт.

Тие двајца се судрија на патеката додека Ферстапен беше лидер за време на трката, по што Холанѓанецот реши да му каже неколку збора на Окон по трката.