Фернандо Алонсо повторно ќе ја брка „триплетата“ во авто-трките

Фернандо Алонсо сезонава ја завршува кариерата во Формула 1 шампионатот, но потврди дека во 2019 година повторно ќе вози на легендарната трка Индијанаполис 500 во Индикар натпреварувањето. 

Шпанскиот возач лани исто така настапи на оваа трка, но не успеа да дојде до победата. Алонсо има голема желба да ја комплетира „триплетата“ или да ги освои трите најпрестижни трофеи во авто-мото спортот на кружни трки.

Има две шампионски титули во Формула 1, славеше на Леман, а му недостига само трофејот од Инди 500. Алонсо повторно ќе вози со болид на Мекларен. Лани беше близу до победа на оваа трка, бидејќи водеше на 24 круга до крајот, но потоа му откажа моторот.