Фернандо Алонсо откри кој му бил најголем конкурент во Ф1

Фернандо Алонсо сезонава и официјално ја напушти Формула 1, па се насочи кон некои други предизвици во животот. Секако, повторно ќе вози, па Шпанецот се подготвува за трка во Индијанаполис.

Алонсо најде време и за медиумите и откри интересни детали во својата кариера, која засекогаш ќе с епамети по тоа што ја прекина доминацијата на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер.

„Тешко е да се избере еден најголем противник, но ако морам да кажам, тогаш тоа беше Шумахер. Тоа е едноставно затоа што доминираше во овој спорт кога дојдов во Ф1. Кога сте во картинг и гледате дека Шумахер победува, вие се различна категорија. Го гледате како победува, а потоа се борите со него. Михаел е тој најголем противник, не поради техничкиот аспект, туку поради емоциите пред сè“, вели Алонсо.

Шпанецот се потсети и на честите битки со легендарниот Германец, кои тие двајца ги водеа на патеките ширум светот.

„Битките со него се посебни и многу емотивни за мене. Ја имаме сега најталентирана генерација. Возачите се сега повеќе подготвени, имаат повеќе време во симулаторите и влегуваат во Ф1 на ниво на кое не можеше да се замисли“, објаснува Шпанецот.