Ферари и Себастијан Фетел положија цвеќе на споменикот на Сена во Имола (ФОТО)

Формула 1 викендов се враќа на легендарната патека „Енцо и Дино Ферари“ во Имола по подолго време. Се работи за една од најлегендарните тркачки патеки во авто-мото спортот, која за жал најмногу потсетува на трагичната смрт на Аиртон Сена во 1994 година. 

Легендарниот Бразилец загина во несреќа кај познатиот свиок „Тамбурело“, а веднаш крај овој дел од патеката е изграден споменик во негова чест. Денеска тимот на Ферари ја искористи шансата да му оддаде почит на еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1.