Откако Мерцедес денеска го претстави новиот болид за новата сезона во Формула 1, истото денес го направи и Ферари.

Новиот болид на Мерцедес го претставија Луис Хамилтон и Валтери Ботас, а на промоцијата на Ферари во Маринело продефилираа Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

И додека возачите на Мерцедес се појавија во возачка опрема и ги возеа болидите на патеката во Силверстон, Фетел и Раиконен на претставувањето дојдоа во сакоа.

На навивачите на Ферари најголеми главоболки им задаваше дизајнерското решение, но крајниот производ е повеќе од одличен.