Ферари го претстави новиот болид: Се радуваме на идните предизвици! (ФОТО)

По големиот број тимови кои ги претставија болидите за новата сезона во Формула 1, тоа го направи и екипата на Ферари, која сезонава ќе прослави 90. роденден, а за нив сезонава ќе возат Себастијан Фетел и Чарлс Леклер.

Германскиот возач кажа дека се радува на новите предизвици и се надева дека ќе напредуваат.

„Се радувам на новите предизвици во новата сезона. Тимот се наоѓа на вистински пат и се надевам на дополнителен напредок“, кажа Фетел.

Ново име во Ферари е и Матија Биното, кој стигна на местото на Маурицио Аривабене.

„Нашиот нов болид е плод на долгогодишниот напредок и не станува збор за револуционерен потфат. Очекуваме многу тешки предизвици во новата сезона, но ние сме подготвени и возбудени“, вели 49-годишниот Биното

Новата сезона во Ф1 почнува со трката за Големата награда на Австралија на 17 март.