Ф1 во Азербејџан ќе се вози до 2023 година

Трката за Големата награда на Азербејџан ќе се вози до 2023 година, откако организаторите на трката потпишаа нова соработка со Формула 1.

„Најбрзиот циркус“ во светот стигна во Баку пред три години, односно во 2016 година, а сезонава ќе се вози на 28 април.

„Задоволни сме што Големата награда на Азербејџан ќе биде во нашиот календар уште неколку години. За кратко време трката ќе стане една од најпопуларните во сезоната“, вели претседателот на Ф1, Чејс Кери.

Во текот на претходните две години нови договори добија организаторите на трките во Белгија, Кина, Германија, Јапонија и Сингапур.