Ф1 слави голем јубилеј: Викендов се вози 1.000-та трка! (ВИДЕО)

Викендов се вози трката за Големата награда на Кина, која ќе остане запишана во историјата на Формула 1. Трката во Шангај ќе биде јубилејна 1.000-та во „најбрзиот циркус“ во светот.

Сè почна во далечната 1950 година на Силверстон, каде што во болидот на Алфа Ромео триумфираше Џузепе Фарина. Вкупно 764 возачи настапија барем на една трка во Ф1, а до победа стигнаа 107 од нив.

Најмногу трки во историјата има возено Рубенс Барикело, вкупо 326, додека најмногу победи има легендарниот Михаел Шумахер, кој стигна до бројката од 91.

Најмногу победи по ред (девет) има Себастијан Фетел, а најмлад победник на трка Макс Ферстапен, кој на само 18 години и 228 дена го постави рекордот, а најстар е Луиџи Фаџиоли, на кого му успеа тоа на 53 години и 22 денови.

Историја ќе се испише во недела, кога се вози третата трка сезона во Ф1, а останува да видиме кој ќе биде запишан како победник.

Да потсетиме, во првите две трки, во Бахреин и Мелбурн, победија возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас.