Ф1 ги враќа навивачите: Дури 20.000 гледачи ќе ја следат трката во Германија

Организаторите на трката на патеката Нирбургринг најавија дека ќе може да присуствуваат околу 20.000 гледачи, а натпреварувањето во Германија е закажано од 9 до 11 октомври.

Продажбата на влезниците ќе почне од 22 септември, а билет за цел викенд ќе чини 199 евра, а тоа без сомнеж ќе ги израдува навивачите.

На почетокот на сезоната беше забрането присуство на навивачи поради пандемијата на ковид-19, но организаторите полека почнаа да ги враќаат гледачите, па така во Италија минатиот викенд беа забележани 2.000 фанови.