Емотивна снимка: Шумахер го учи малиот Мик како да користи волан (ВИДЕО)

Мик Шумахер ја продолжи семејната традиција во Формула 1 и тргна по стапките на неговиот татко, легендарниот Михаел Шумахер, па во следната сезона ќе вози за тимот на Хас.

Ф1 на социјалните мрежи објави видео од едногодишниот Мик заедно со неговиот татко. Легендарниот возач го учи син му како да го користи воланот, па ова видео предизвика многу емоции кај фановите.

За здравствената состојба на Шумахер засега не се познати многу детали, но познато е дека веќе со години води битка за неговиот живот, откако настрада на скијање пред седум години.